Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон си го одбра премиерот, ќе чека нов Сенат во јуни

Макрон си го одбра премиерот, ќе чека нов Сенат во јуни

Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон го одбра Едуар Филип за нов премиер кој ќе ја води привремената влада додека не се одржат нови предвремени парламентарни избори.

Согласно договорот, со Ален Жипе, лидерот на конзервативните републиканци владата би требало да биде формирана во понеделник, а ќе функционира се до одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 11 и 18 јуни.

На ваквите тврдења реагираше членот на раководството на ЛР, Франсоа Бароан, кој во изјава за телевизијата БФМ нагласи дека не може да замисли оти некој од редовите на Републиканците преку ноќ би преминал во партијата Напред (ЕМ) на Макрон.

- Ќе се бориме за мнозинство. Ален Жипе ја потврди својата целосна поддршка на кандидатите на партијата Републикнаци, изјави Бароан, изразувајќи надеж дека „Жипе нема да се приклони кон Макрон“.

Во Франција најголемата моќ ја има претседателот на државата, додека пак премиерот има повеќе симболична функција и кој и да биде одбран за нов предводник на владата ќе одговара пред Макрон.

Слично

Поврзани вести