Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКРОН СЕ ОГЛАСИ НА СРПСКИ ПО СРЕДБАТА СО ВУЧИЌ: „Повторно му укажав колку Франција придава значење на демократската и европската иднина на Србија“

МАКРОН СЕ ОГЛАСИ НА СРПСКИ ПО СРЕДБАТА СО ВУЧИЌ: „Повторно му укажав колку Франција придава значење на демократската и европската иднина на Србија“

По денешната посета на претседателот на соседна Србија на Франција и средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, домаќинот се обрати на српски јазик на социјалната мрежа „Х“ и го потврди учеството на Франција на ЕКСПО 2027 во Белград.

- Долг разговор со претседателот на Србија. Повторно му укажав колку Франција и придава значење на демократската и европската иднина на Србија. Изразив уверување во способноста на Србија повторно да го најде патот на дијалогот и се надевам дека идната влада решително ќе ги продолжи очекуваните реформи и ќе консолидира многу добри економски резултати. Ја истакнав нашата посветеност на европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Разговаравме за ситуацијата во Босна и Херцеговина.

- Ве потсетив на нашата непоколеблива поддршка за унитарноста на таа земја, како и на осудата на секоја постапка што има за цел да го доведе тоа единство во прашање. Одговорност на сите е да се заложиме за почитување на уставниот поредок со цел Босна и Херцеговина да се врати на својот европски пат.

- Разговаравме и за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Франција е длабоко посветена на тој процес. Тоа е суштински услов за нивната европска интеграција.

- На крајот разговаравме за зајакнување на нашата политичка, економска и одбранбена соработка, по мојата посета на Белград во август минатата година. Верен на нашата амбиција за Европа, му го потврдив на претседателот Вучиќ учеството на Франција на Експо 2027 во Белград – напиша Макрон на социјалната мрежа Икс.


Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести