Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон се надева дека следните денови има надеж за договор меѓу Македонија и Бугарија

Макрон се надева дека следните денови има надеж  за договор меѓу Македонија и Бугарија

Според францускиот претседател Емануел Макрон уште има простор за договор меѓу Македонија и Бугарија. 

Макрон денеска во Брисел изјави дека е „малку прерано“ да се предвиди договор меѓу Бугарија и Македонија по самитот на ЕУ за Западен Балкан.

„Наредните часови и денови ќе бидат важни за да се види дали ќе најдеме договор меѓу Северна Македонија и Бугарија... сè уште е прерано“, изјави Макрон.

Бугарија го оцени овој предлог како добар. Имаше и политичари кои повикаа Бугарија да го прифати овој предлог, затоа што не се знае каков би бил следниот. 

Но, македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска го одби предлогот на Франција и побара да го почитуваат македонскиот народ. 

Слично

Поврзани вести