Макрон сака побрзо проширување - дали се откажа од Европа во повеќе брзини?
Зборуваше за Европа во повеќе брзини, а сега францускиот претседател Емануел Макрон вели дека сака побрзо проширување.
Макрон денеска во Гранада изјави дека сака побрзо проширување на Европската унија (ЕУ), но дека досега земјите-членки не донеле никаква одлука.
„Уверени сме дека мораме да одиме многу побрзо по тоа прашање“, изјави Макрон по неформалниот самит на ЕУ во Гранада.
Кажа дека е за поставување „амбициозна и прецизна цел“. Европската комисија оваа есен треба да ги претстави своите препораки за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, кои добија кандидатски статус во јуни 2022 година.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вели дека процесот преку кој земјите можат да влезат во ЕУ се заснова на заслуги и нема попречни патишта.Таа рече дека „и земјите кандидати и ЕУ мора да работат напорно за да го задржат моментумот во процесот на проширување во поголема Унија“.
