Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон: Русија веќе почна да го губи својот кредибилитет кај клучните меѓународни партнери

Макрон: Русија веќе почна да го губи својот кредибилитет кај клучните меѓународни партнери

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека Русија претрпела сериозни стратешки и политички порази. Според него, конфликтот во Украина не само што ги исцрпил руските воени ресурси, туку и длабоко ја изолирал земјата на меѓународната сцена.

Макрон кажа дека Москва веќе не го поседува истото влијание врз глобалните текови и дека нејзината моќ е „значително ослабена“ во споредба со периодот пред почетокот на војната. Тој посочува дека стратешката грешка на Кремљ довела до тоа Русија да стане зависна од мал број партнери, губејќи го статусот на рамноправен светски играч.

„Русија е значително ослабена од војната што самата ја започна и веќе почна да го губи својот кредибилитет кај клучните меѓународни партнери“, вели Макрон. 

Кажа дека Европа мора да остане обединета во својата поддршка за Украина, бидејќи само така може да се гарантира долгорочна стабилност на континентот. Русија ја нападна Украина пред четири години. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести