Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон разговарал со Путин и бара прекин на опсадата на Мариупол

Макрон разговарал со Путин и бара прекин на опсадата на Мариупол

Францускиот претседател Емануел Макрон е загрижен за состојбата во Украина. 

Макрон телефонски разговарал со рускиот колега, Владимир Путин и изразил загриженост за состојбата во градот Мариупол. 

Францускиот претседател апелира за прекин на опсадата и овозможување хуманитарен пристап до градот.

Тој вели дека офанзивата на Русија во Украина е „електрошок“ за НАТО.  Макрон изјави дека стои на својата првична изјава, преземајќи „целосна одговорност“ за неговите зборови, сепак, според францускиот претседател, воената кампања на Русија против Украина е повик за будење за НАТО.

Макрон истакна дека „војната што ја започна претседателот Путин“ на прагот на алијансата создаде „невообичаена закана што му дава стратешко појаснување на НАТО“. Вели дека воената алијанса во нејзината сегашна форма нема да го прекине, и се залага за реформи.

Макрон деновиве изјави дека е можна голема војна во Европа и дека повеќе ќе вложува во армијата. 

Слично

Поврзани вести