Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон предупреди за оживување на Исламска држава

Макрон предупреди за оживување на Исламска држава

Францускиот претседател, Емануел Макрон денес ги повика партнерите од Европската Унија да се обединат во осудувањето на турската инвазија на северот на Сирија, и предупреди дека таа би можела да ја оживее џихадистичката организација Исламска држава.

Макрон во Брисел им кажа на новинарите дека сака ЕУ повторно да зборува со единствен, јасен и цврст глас и да го осуди нападот, пренесува Асошиејтед прес.

Тој вели дека ЕУ би требало да соработува со своите главни меѓународни партнери за да ја сопре офанзивата, која, според него, предизвика вистинска хуманитарна држава и ризикува да отвори простор за преродба на ИСИС:

Тој побара од 28-те членки на блокот да се сложат и сите заедно да го сопрат извозот на оружје во Турција.

Слично

Поврзани вести