Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон предупреди дека ќе има многу тешки сцени во Донбас

Макрон предупреди дека ќе има многу тешки сцени во Донбас

Русија ќе се фокусира на воени дејствија во Донбас во Украина. 

Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска изјави дека очекува руските сили да ги засилат своите напади во источниот регион Донбас во Украина во следните недели. Вели дека има мали шанси за „дипломатски отстапки“ кои би ги направил рускиот претседател Владимир Путин наскоро. Рече дека ќе има  многу тешки сцени во наредните денови и недели. 

„Оваа војна, за жал, нема да запре во наредните денови“, изјави Макрон за радиото РТЛ. 

Макрон вели дека 9-ти мај е национален празник за Русија, важен воен настан и речиси е сигурно дека за Путин 9-ти мај мора да биде ден на победа. Тој во повеќе наврати се слушна со Путин и се залагаше за мирно решавање на конфликтот, но тоа не вроди со плод. 

Претходно, и украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба изјави дека во Донбас ќе има тешки борби со илјадници возила и тенкови. Денес е 44-от ден од почетокот на војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести