Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон потврди дека француски новинар загинал во Луганск

Макрон потврди дека француски новинар загинал во Луганск

Руските сили убиле француски новинар во Украина. 

Настрадал кога руските сили гранатирале оклопен транспортер што се користел за евакуација на цивили во источниот украински регион Луганск. Регионалниот гувернер Серхи Хаидаи во објава на Телеграм објасни дека возилото требало да собере 10 луѓе за да ги евакуира на безбедно кога наишло на „непријателски оган“.

„Шрапнелите од гранати го пробиле оклопот на возилото при што акредитиран француски новинар кој известувал за евакуацијата добил смртоносна рана на вратот“, рече гувернерот на Луганск.
Хаидаи објави и слика за која рече дека е прес-картичка на новинарот, иако допрва треба да се потврди дали човекот на сликата е жртвата.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја потврди смртта на францускиот новинар Фредерик Леклер-Имхоф во Украина. Според него, репортерот загинал во автобус за евакуација, каде што се наоѓал заедно со цивили. Ле Паризиен наведе дека новинарот имал 32 години и дека за информативниот канал БФМТВ работел 6 години. Во Украина загинаа украински, но и странски новинари откако почна војната. 

Слично

Поврзани вести