Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон порача дека други сили може да се занимаваат со Западен Балкан

Макрон порача дека други сили може да се занимаваат со Западен Балкан

Францускиот претседател, Емануел Макрон од своите дипломати побарал да работат на „повторно вградување на Западен Балкан во Европа“.

„Францускиот претседател рекол дека „инаку за Западен Балкан ќе одлучуваат САД, Русија и Турција и додал дека „ Германците за тоа имаат замисла, за која мора да речам дека е поделотворна и постратегиска од нашата“.

На средба со француските дипломати во светот, одржана вчера, Макрон рекол „да се има европска стратегија, значи да се имаат на ум границите на Европа. Тој рекол дека Франција со своите соседи и пријатели мора повторно да се ангажира за да не им се дозволи на неевропските сили да дејствуваат наместо нив.

Слично

Поврзани вести