Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон победи за зацврстување на Европа

Макрон победи за зацврстување на Европа

Центристичкиот независен кандидат Емануел Макрон според податоците на државната телевизија има проекции дека ќе победи со освоени 65% од гласовите. Макрон успеа да ги надмине сите предизвици кои се појавија во последните денови од кампањата меѓу кои и хакирањето на електронската комуникација на неговиот изборен штаб со објава на илјадници документи. 


Но, француската јавност немаше доволно време да се занимава со трачеви и можни скандали, ниту пак падна на „финтата“ со која Трамп во последната недела од кампањата ја победи несреќната Хилари Клинтон. 

Хакерскиот напад беше силно осуден од актуелниот француски претседател Оланд кој вети целосна истрага, а веќе се претпоставува дека е извршен по нарачка на Русија со цел да и се зголемат шансите за победа на Ле Пен. 

Доколку десничарката победеше сосема извесно беше дека ќе организира референдум за излез од Европската унија, но тоа не се случи. Макрон со победата ќе ја врати довербата во европските пазари и се очекува да се зголеми вредноста на еврото како единствена европска валута. 

Повеќе детали за изборите ќе има по полноќ кога официјално ќе заврши пребројувањето на гласовите. Во меѓувреме европските лидери веќе му ја честитаат победата на Макрон, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Слично

Поврзани вести