Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maкрон останува претседател на Франција, ја порази Ле Пен

Maкрон останува претседател на Франција, ја порази Ле Пен

Французите го реизбраа Емануел Макрон за претседател. 

Нов француски претседател е Емануел Макрон на кој Французите денеска му доверија нов петгодишен мандат освојувајќи 58 отсто од гласовите. Сепак тој е далеку од 66,10 отсто освоени гласови во 2017 година. Марин Ле Пен освои 42 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА.

Емануел Макрон се очекува да им се обрати на своите приврзаници од пред Ајфеловата кула. Во изборниот штаб на Марин Ле Пен – Павилјонот д’Арменoвил во 16-от париски арондисман, непосредно пред објавувањето на резултатите се појавија шишиња со шампањ на кои пишуваше „Марин претседател 2022“, забележа новинарот на „Фигаро“.

Како и во 2017 година, 48,7 милиони Французи избираа меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен. 

Слично

Поврзани вести