МАКРОН ОДГОВОРИ: Дали Франција ќе ја бомбардира Сирија?
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека во следните неколку дена ќе одлучи дали ќе бомбардираат објекти во Сирија каде што се произведува хемиско оружје.
На заедничка прес-конференција со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Макрон кажа дека конечната одлука ќе биде донесена по консултации со САД и Велика Британија.
„Во овој контекст, ние ќе продолжиме да разменуваме технички и стратешки информации со нашите партнери Велика Британија и Америка, и во наредните денови ќе ја објавиме нашата одлука“- вели Макрон.
Макрон додаде дека ако има напади, тие нема да бидат насочени кон сојузниците на сириската Влада, туку против објектите каде што се произведуваат воени отровни материи.
Инаку, во Сирија состојбата се вжештува. Според информациите на турскиот весник „Хуриет“ група руски воени авиони во низок лет го надлетала американскиот воен разорувач на околу 100 километри од пристаништето Тартус.
