Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКРОН НЕ САКА НОВА КАТАЛОНИЈА: За кого се работи?

МАКРОН НЕ САКА НОВА КАТАЛОНИЈА: За кого се работи?

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека е отворен за специфично споменување на Корзика во францускиот Устав, но го отфрли усвојувањето на корзиканскиот јазик, и давање статус на граѓани на Коризика. 

При првата посета на Корзика откако е избран за претседател рече дека на јазикот нема да му се даде официјален статус, а жителите нема да можат да стават вето на купувањето имоти. 

Тој повика на единство на Франција во моменти кога национализмот на Корзика расте. 

Три дена пред доаѓањето на Макрон на Корзика илјадници демонстранти бараа автономија преку протест. Корзика е дел од Франција од 1768 година. 

За разлика од Каталонија, жителите на Корзика не браат целосна автономија. 

Слично

Поврзани вести