Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон: Не можеме да се согласиме сите 28 земји, одбивам какво било проширување

Макрон: Не можеме да се согласиме сите 28 земји, одбивам какво било проширување


Францускиот претседател ЕмануелМакрон го критикуваше отсуството на договор во рамките на ЕУ во врска со распределбата на функциите во водечките институции и повторно повика на реформи во Унијата.

"Ние треба да ги поедноставиме постапките со цел побрз, посилен и подемократски начин за напредок. Во таа смисла, јас сум скептичен во врска со приказната за иднината на ЕУ со нејзината експанзија, во ситуација каде што гледаме дека меѓу 28 земји не може да се направи договор. Одбивам секакво проширување пред длабоки институционални реформи на ЕУ ", рече Макрон.

Тој по маратонските разговори за назначувањата на највисоките позиции во ЕУ, рече дека неможноста за договор меѓу 28-те членки го доведува во прашање кредибилитетот на Унијата и создава слика пред Европа кза несериозност.

"Никој не може да биде задоволен со резултатот по неколку часа преговори. Поделбите се од политичка природа, меѓу Европската народна партија, но и во географски рамки во рамки на Советот", истакна францускиот претседател, кој  очекува на утрешниот состанок да има разместување на ставовите неопходни да се постигне договор.


Слично

Поврзани вести