Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКРОН ЛИКС, ФРАНЦИЈА ВО ШОК: Протекоа илјадници мејлови на центристот Макрон на ден пред изборите!

МАКРОН ЛИКС, ФРАНЦИЈА ВО ШОК: Протекоа илјадници мејлови на центристот Макрон на ден пред изборите!

Францускиот претседателски кандидат Емануел Макрон изјави во петокот дека бил цел на "голем" компјутер хакерски напад, и објава на многу негови мејлови на само еден ден до изборите во Франција, на кои негов против кандидат е десничарката Марин Ле Пен.

Околу девет гигабајти на податоци беа објавени од страна на корисникот  EMLEAKS , сајт кој овозможува анонимно објавување. Не е јасно кој е одговорен за објавување на податоци и дали тие се вистински.

Политичкото движење на Макрон потврди дека мејловите се пробиени.

Официјален претставник на Министерството за внатрешни работи одби да коментира, повикувајќи се на француските правила кои забрануваат коментари во изборниот молк кој почна во петок на полноќ.

Последните предвидувања беа дека центристот Емануел Макрон ќе ја победи десничарската Марин Ле Пен со 63 наспроти 37 проценти од гласовите во вториот круг на претседателските избори во Франција в недела. Тоа го покажува најновото истражување на јавното мислење на институтот „Ифоп-Фидюсиал“.

Слично

Поврзани вести