МАКРОН КАКО БАНКАР И ПРЕТСЕДАТЕЛ: Која функција колку пари му носи?
Францускиот претседател, Емануел Макрон неодамна изјави дека претседателот на државата не ја извршува таа функција за да заработи, пренесува францускиот весник „Фигаро“.
Весникот пишува дека претседателот има плата од 12.696 евра месечно.
На прашањето на едно од децата во кампот кој го посети дали е богат, Макрон одговорил: „Знаеш кога ќе бидеш претседател, не е момент за да заработуваш пари“.
Претседателската плата во Франција е намалена за 30% на почетокот на мандатот на социјалистичкиот преседател, Франсоа Оланд од 14.910 евра на 12.696, иако неговиот претходник од редовите на десничарите Никола саркози во 2007 година бараше тројно поголема плата.
Претседателот покрај платата, има сместување, храна и автомобили на располагање на државен трошок.
Фигаро наведува дека Макрон пред да влезе во политиката како банкар во „Ротшилд“ имал месечна заработка од околу 33.000 евра.
