Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон ја собира европската елита на итен состанок утре, откако САД им порача дека се неспособни

Макрон ја собира европската елита на итен состанок утре, откако САД им порача дека се неспособни

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја шокираше Минхенската конференција со изјавата дека е „време да се преиспита американската поддршка за Украина“ и ја повика Европа да преземе поголема одговорност, нагласувајќи дека вистинскиот проблем на ЕУ не е Русија, туку внатрешните проблеми и неможноста да се дефинира заедничка безбедносна стратегија без САД. 

Неговиот говор предизвика остри реакции кај европските и украинските претставници, додека во Русија предизвика ентузијазам.

Францускиот претседател Емануел Макрон свика итен состанок на лидерите на Европската унија во понеделник во Париз, сето тоа како одговор на најновите случувања поврзани со мировните преговори за Украина.

Оваа информација за Политико ја потврди полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за време на говорот на Минхенската безбедносна конференција.

„Многу ми е драго што претседателот Макрон ги покани нашите лидери во Париз. Очекувам европските лидери да разговараат за предизвиците што ги поставува Доналд Трамп на многу сериозен начин“, рече Сикорски.

Не е јасно дали на состанокот ќе бидат вклучени сите лидери на ЕУ или само помала група земји и дали ќе бидат поканети и други европски лидери како британскиот премиер.

Вчера се одржа и средба меѓу Џеј-Ди Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Да потсетиме, Доналд Трамп претходно најави итен почеток на мировните преговори за ставање крај на војната во Украина по „продуктивниот разговор“ со Владимир Путин.


Слично

Поврзани вести