Макрон „ја прифати“ одлуката на Меркел да се повлече
Францускиот претседател Емануел Макрон ја оцени за „исклучително достоинствена“ одлуката на германската канцеларка Ангела Меркел да се повлече по истекот на мандатот кон крајот на 2021 година.
Макрон додаде дека изборните резултати во германската покраина Хесен не биле охрабрувачки поради растечката популарност на екстремната десница.
Меркел вчера најави дека нема повторно да се кандидира за претседателка на Христијанско демократската унија по лошиот изборен резултат во Хесен. Таа сепак има намера да остане на чело на владата до истекот на актуелниот мандат.
Слично
