Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон ја предупреди Ле Пен дека ако ги забрани шамиите ќе има граѓанска војна во Франција

Макрон ја предупреди Ле Пен дека ако ги забрани шамиите ќе има граѓанска војна во Франција

Жестока дебата имаше помеѓу кандидатите за претседатели на Франција, Емануел Макрон и Марин Ле Пен. 

Граѓанска војна би можела да избие во Франција доколку кандидатката Марин Ле Пен го забрани носењето бурка ако стане претседателка, изјави актуелниот претседател Емануел Макрон во жестоката ТВ-дебата синоќа, пишува Мондо. 

За време на дебатата, Ле Пен го потврди своето придржување кон нејзината контроверзна идеја за забрана на шамијата, која ја нарече „униформа наметната од исламистите“, но рече дека таа со тоа не се „бори против исламот“.

„Ова го кажувам на многу јасен начин: мислам дека шамијата е униформа наметната од исламистите. Мислам дека многу млади жени кои ја носат (шамијата) немаат друг избор во реалноста“, изјави таа.

Ле Пен, исто така, би ја намалила имиграцијата во Франција.  Француската десничарска кандидатка Ле Пен денеска изјави дека вториот мандат на францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде „социјална катастрофа“. Макрон ја обвини дека таа е на платен список на Кремљ. На 24 месецов ќе се одржи вториот круг од претседателските избори во Франција. 

фото Твитер Принтскрин

Слично

Поврзани вести