МАКРОН ЈА ОДНЕСЕ ПОБЕДАТА ВО ПРВИОТ КРУГ: Решавачки ќе биде вториот
Актуелниот претседател на Франција, Емануел Макрон победи во првиот круг од претседателските избори, а во вториот круг ќе се бори за нов мандат со Марин Ле Пен. Врз основа на 97 отсто од обработениот материјал, Емануел Макрон освоил 27,6 отсто од гласовите, Марин Ле Пен 23,41 отсто, а Жан Лук Меланшон 21,95 отсто, јавува Би-Би-Си.
Макрон победи во првиот круг, но анкетите покажуваат дека вториот круг може да биде многу понеизвесен.
„Сè уште не е готово. Дебатата што ќе ја водиме 15 дена ќе биде одлучувачка и за нашата земја и за Европа“, посочи тој.
Марин Ле Пен ги покани сите гласачи кои не се од страна на Макрон да ѝ се придружат и „да ја вратат Франција во ред“.
„Не смеете да и дадете никаков глас на Ле Пен“, ги предупреди Меланшон своите приврзаници, но, за разлика од другите кандидати, тој не го поддржа претседателот. Со повеќе од една петтина од гласовите, гласачите на Меланшон би можеле да добијат предност во вториот круг од изборите, иако повеќето од нив може да се воздржат.
Четвртото место го освои кандидатот на партијата Реконквиста од крајната десница Ерик Земур со 7,05 отсто од гласовите.
