Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКРОН ИЗНЕНАДИ: Или реформирана ЕУ или ќе си заминат

МАКРОН ИЗНЕНАДИ: Или реформирана ЕУ или ќе си заминат

Францускиот претседателски кандидат, Емануел Макрон изјави дека Европската унија треба да се реформира за да не биде соочена со Фрегзит.

„Јас сум проевропеец и во кампањата постојано се залагам за европската идеја и европската политика бидејќи верувам дека се многу важни за францускиот народ и за местото на земјата во глобализацијата“ - изјави Макрон за Би-Би-Си.

Тој додаде дека „треба да се погледне вистината во очи и да се слушнат луѓето, кои денес се исклучително гневни и нетрпеливи“.

„Не треба ЕУ да продолжи да функционира на тој начин. Ако дозволам ЕУ да функционира како до сега, тоа би било предавство“ - вели Макрон.

Тој потенцира дека ако биде избран за претседател, една од неговите задачи ќе биде длабоко реформирање на ЕУ и на европскиот проект.

И Марин Ле Пен од Националниот фронт која е негов противкандидат претходно се закани дека Франција ќе ја напушти ЕУ и изрази незадоволство од функционирањето на заедницата. 

Слично

Поврзани вести