Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон испрати порака до властите во Грузија

Макрон испрати порака до властите во Грузија

Францускиот претседател Емануел Макрон е загрижен за состојбата во Грузија, каде деновиве има насилни протести, што резултираше со повлекување на предлог - закон по руски модел. 

Вели дека Европската Унија(ЕУ) не може да ги игнорира настаните од Грузија.  Кажа дека Грузија е под силен притисок и се надева дека таа ќе може да продолжи по европскиот пат. 

Демонстрантите бараат поранешниот претседател кој е во затвор, Михаил Саакашвли да биде пуштен од затвор. Макрон смета дека нему треба да му се дозволи да се лекува, односно да биде ослободен. 

Граѓаните на Грузија кои излегоа на протести бараат оставка од проруските власти и предвремени избори. 

Досега се исполнети нивните две претходни барања и тоа укинување на законот за „странски агенти“ и ослободување на уапсените на протестите.

Слично

Поврзани вести