Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКРОН ИМАЛ 15, А БРИЖИТ 40 ГОДИНИ: Првата дама на Франција раскажа детали за романсата

МАКРОН ИМАЛ 15, А БРИЖИТ 40 ГОДИНИ: Првата дама на Франција раскажа детали за романсата

Првата дама на Франција, Брижит ја раскажа својата романса со францускиот претседател Емануел Макрон. 

Со него почнала да се забавува кога тој бил тинејџер.  Таа изјави дека чекала 10 години за да се омажи за Емануел Макрон и дека ја одложила венчавката поради своите деца.

Брижит Макрон го одложи бракот со идниот француски претседател за една деценија бидејќи се плашеше дека животот на нејзините три деца ќе бидат уништен со тоа што ќе ја официјализира врската со момче на нивна возраст, објави британскиот весник „Тајмс“. Брижит (70), поранешна учителка по глума на Емануел Макрон (45), во интервју за магазинот „Пари Мач“ откри детали од нивната романса 

Макрон имал 15 години кога се заљубил во Брижит Озиер, 40-годишна мажена жена, чија ќерка Лоренс била негова соученичка во католичкото училиште „Провиденс“ во Амиен, северна Франција. Таа постепено подлегна на неговиот шарм и аферата предизвика скандал во провинцискиот град Пикардија. Родителите на Макрон, двајцата лекари, го испратиле во Париз да го продолжи образованието, но тој продолжи да одржува контакт со Брижит.

Слично

Поврзани вести