Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон или Ле Пен - анкетите предвидуваат кој ќе победи

Макрон или Ле Пен - анкетите предвидуваат кој ќе победи

Ако се следи по анкетите, актуелниот претседател на Франција, Емануел  Макрон има шанси пак да победи на изборите. 

Водството на Макрон пред гласањето во вториот круг на 24 април се зголеми, при што три анкети предвидуваат поголем број гласови за актуелниот претседател од првиот круг, пишува Ројтерс.

Анкетата на Ипсос покажа дека Макрон би освоил 56,5 отсто од гласовите. Анкетата на Oпинионвеј покажа дека Макрон има 56 отсто од гласовите, што е зголемување за два поени од петокот. Во анкетата на Ифоп, популарноста на Макрон се искачи на 55 отсто. 

Макрон победи на изборите во 2017 година со 66,1 отсто од гласовите, исто така против десничарката Марин Ле Пен. 

Таа споменува блиски односи со Русија ако стане претседател, а рече и дека ако ја добие довербата, Франција не излезе од НАТО. 

Слично

Поврзани вести