Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон го убедувал Трамп да не ја напушта Сирија

Макрон го убедувал Трамп да не ја напушта Сирија

Претседателот Доналд Трамп само неколку дена откако на Твитер најави дека ќе ги повлече сите американски војници кои служат во Сирија потоа се реши да ја бомбардира земјата во знак на казна за режимот на Башр ал Асад за кого тврдат дека извршил напад со хемиски отрови на сопствено население во градот Дума. 

Сепак, Трамп наместо да притиска за повлекување на американски војници нареди воздушен напад со наведувани проектили, и положбата на САД во сирискиот конфликт е засега во незавидна позиција. 

Тој имал разговор и со францускиот колега Емануел Макрон кој се потрудил да го убеди дека во најголем интерес на САД е да остане воено присутна во Сирија, што значи продолжен ангажман на специјалните воени единици кои им помагаат на бунтовничките групи, како и на морнарицата и авијацијата кои од американските носачи на авиони и разузнавачи ги опколуваат сириските територијални води. 

Макрон во интервју за француска телевизија вели дека Трамп ќе се предомисли и нема да го исполни најавеното повлекување на американски војници за Сирија да им ја препушти на решавање на сојузниците што е и главна карактеристика на американскиот воен интервенционизам, да бидат воено присутни во една хаотична земја над десет години. 

Сепак, Макрон кој се обидува да го продолжи американското присуство во Сирија, не го добива потребниот ефект бидејќи портпаролите на Трамп и натаму тврдат дека негова желба е американските трупи што побрзо да си одат од Сирија. Кога е во прашање Трамп никогаш не се знае што ќе одлучи конечно бидејќи според досегашното искуство него најважно му е јавното мислење, па така ако Америка сака воено да остане во Сирија може и да се предомисли.

Слично

Поврзани вести