МАКРОН: Европа не смее да западне во вазалски односи
Не смееме да бидеме американски вазали, вели францускиот претседател Емануел Макрон.
Францускиот претседател изјави дека Европа мора „повторно да развие вкус за ризик, амбиција и моќ“ и да ја отфрли зависноста од Соединетите Американски Држави, пренесува BFM TV. Макрон истакна дека Европа мора да биде „пообединета и посилна од кога било“ и да преземе одлучувачки чекори во технолошкиот, индустрискиот и одбранбениот сектор.
„Гледам многу луѓе во Европа кои велат: „Мораме да бидеме добри со Американците, ова ќе помине, мора да се усогласиме“, рече Макрон во изјавата што ја пренесе BFM TV.
Но, тој додаде дека „покорувањето не е решение“, предупредувајќи ја Европа дека „не смее да западне во вазални односи“. САД со Русија преговара за мир во Украина, а ЕУ не учествуваше.
Слично
