Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон: ЕУ треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“ за да се справи со проширувањето

Макрон: ЕУ треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“ за да се справи со проширувањето

Францускиот претседател Eмануел Макрон сугерира дека блокот треба да биде храбар за да најде начини за интегрирање на земјите кандидати, меѓу кои се Молдавија и Украина, пренесува Политико. 

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска рече дека ЕУ „можеби“ треба да еволуира кон унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.

Макрон рече дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации и мора да изгради консензус со повеќе од 30 земји-членки.

„Ризикот е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа ѝ е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членови, нема да биде полесно“, рече тој на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.

„Ќе ни треба смелост, да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со повеќе брзини“, рече тој.

Францускиот претседател не елаборираше како ќе функционира оваа Европа со повеќе брзини, но додаде дека е неопходна ревизија на процедурите на ЕУ за блокот да ја продлабочи и задржи „својата привлечност“.

Според неколку француски функционери, владата на Макрон работи на неколку предлози за Европа со повеќе брзини, кои би вклучиле создавање неформални групи на земји-членки кои би работеле на одредени области на политиката.

Макрон, исто така, навести дека ќе ги објасни своите размислувања за проширувањето и реформите на ЕУ во месеците што доаѓаат и пред изборите за ЕУ следната година.

И покрај знаците дека украинската контраофанзива напредува побавно од очекуваното, Макрон, исто така, ја повтори својата целосна поддршка за Украина.

„Русија не може и не смее да победи. Тоа би било крај на секоја доверба во меѓународното право. [Украина] ќе биде инвестиција во однос на дипломатијата и ресурсите во годините што доаѓаат. Не можеме да се преправаме дека овој напор не постоел“, им рече тој на дипломатите.

И Украина и Молдавија добија статус на кандидат за ЕУ во јуни.

Слично

Поврзани вести