Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКРОН Е ВО ПОСЕТА НА ГЕРМАНИЈА: Какви специјалитети се на менито?

МАКРОН Е ВО ПОСЕТА НА ГЕРМАНИЈА: Какви специјалитети се на менито?

Во германската престолнина францускиот претседател Емануел Макрон пристигнал вчера и се состанал со претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.

Макрон денеска со сопругата престојува во саксонската престолнина Дрезден, но пред тоа прво го посетува градот Морицбург.

Откако ќе се состане со членовите на германско-француската мрежа на млади таленти „Генерација на Европа“, Макрон заедно со нив и локалните политичари ќе оди на ручек во гостилницата „Adam’s Gasthof“.

Управникот на гостилницата Холгер Ферстеман рекол дека ќе бидат послужени канапеи кои ќе ги донесе персоналот.

„Макрон сака црвено месо, по можност крваво. И секогаш едно еспресо после тоа“, рекол Ферстеман. 

Кажа дека на францускиот претседател ќе му бидат понудени специјалитети од дивеч.

Јадењата се подготвени во склад со официјалните упатства кои дошле од Берлин и Париз.

Слично

Поврзани вести