Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон деновиве ќе испорача оружје за Украина

Макрон деновиве ќе испорача оружје за Украина

Франција вети уште оружје за Украина. 

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во телефонски разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски изјави дека испораките на оружје од Франција за Украина ќе се интензивираат во наредните денови и дека Париз е подготвен да одговори на дополнителните барања за помош.  Макрон во разговорот кажал и дека земјите членки на Европската унија на самитот во јуни ќе ја разгледаат апликацијата за членство на Украина. Тој ја повторил идејата за создавање нова „политичка заедница“ надвор од ЕУ, со цел Украина полесно да се интегрира. САД, Германија, Франција и други земји со оружје и помогнаа на Украина во повеќе наврати. Русија на 24 февруари ја нападна Украина и војната уште трае. 

Слично

Поврзани вести