Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон: Целта на терористите е нашата младина

Макрон: Целта на терористите е нашата младина

Новиот француски претседател Емануел Макрон изрази силно сочуство до семејствата на загинатите во нападот во Манчестер кога бомбаш активирал импровизирана направа при што уби најмалку 22 млади луѓе.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети британската амбасада во Париз при што на амбасадорот му вети подобрување на разузнавачка соработка во Европа.

„Нападната е целата слободна Европа, нападнати е младината на Европа”, посочи Макрон.

Тој за утре најави седница на која ќе се разговара за соработката меѓу разузнавачките служби и создавање на работни групи против екстремистичката “Исламска држава”.

Нападот во Манчестер на концерт на поп пејачката Аријана Гранде потсетува на масакрот во салата Батаклан во Париз каде исто така голем број на млади луѓе уживајќи во музички настан ги изгубија животите.

Одговорноста за нападот ја презеде “Исламска држава”

Слично

Поврзани вести