Макрон бара Путин да прекинe со воените дејствија во Украина
Од Елисејската палата соопштија дека францускиот претседател Емануел Макрон побарал од рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ги прекине воените операции во Украина во телефонски разговор.
Макрон разговарал со Путин непосредно пред да влезе на самитот на ЕУ каде се расправа за „масивни санкции“ кон Русија, соопшти Елисејската палата, пренесе Национал Пост..
Во Украина се бројат жртви, откако Русија утрово ја нападна, а претходно ја призна независноста на Доњецк и Луганск.
Слично
