Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон: Aмериканскиот, рускиот и кинескиот претседател се против Европејците, oва е вистински момент да се разбудиме

Макрон: Aмериканскиот, рускиот и кинескиот претседател се против Европејците, oва е вистински момент да се разбудиме

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека Европа мора да ги засили напорите за заштита на сопствените интереси, бидејќи САД, Русија и Кина се сè поотворено поставени спротивно на европските позиции. 

Во разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, Макрон оцени дека Европа се наоѓа во „единствен момент“ во кој трите големи сили настапуваат спротивставено кон европските интереси. 

„Не смееме да потцениме дека ова е момент во кој американскиот, рускиот и кинескиот претседател се против Европејците. Ова е вистински момент да се разбудиме“, изјави Макрон.

Тој повика европските држави да покажат поголема самодоверба и да креираат сопствена стратегија, наместо да зависат од надворешни актери.

Макрон истакна дека напнатостите со САД не се привремени и дека ќе продолжат и по мандатот на актуелниот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека станува збор за подлабок историски тренд.

„Можеме да соработуваме со САД по одредени прашања, но ваквиот пристап ќе потрае“, нагласи тој.

Францускиот претседател додаде дека Европа во минатото го гледала првиот мандат на Трамп како исклучок, но дека сега е јасно оти мора да се преземат конкретни чекори за зајакнување на европската позиција.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести