Макрон: Aко не направиме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години
Францускиoт претседател Емануел Макрон вели дека Европа ќе биде збришана за пет години ако не направи ништо да стане учесник, а не само набљудувач на светските случувања.
„Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води до среќно покорување. Ние не му пречиме на никого, се обидуваме да бидеме добри кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и досега. Ви велам, ако не направиме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години“, рече Макрон во интервју за „Зидојче цајтунг“ .
Кажа дека Европа секогаш пропаѓала кога била бавна и поделена.
„Земете ја, на пример, финансиската криза. Зошто тогаш се снајдовме толку лошо? Финансиската криза потекнува од САД. Но, ние страдавме десетпати повеќе од самите Американци бидејќи тие реагираа брзо и колективно. За нас, тоа беше асиметричен шок, бевме поделени. И ни требаа пет до десет години да се справиме со оваа криза, асиметрично помеѓу северот и југот. На крајот на краиштата, тоа влијаеше на сите“, рече Макрон.
Како пример за добриот одговор на Европа, тој ја наведе пандемијата Ковид-19 во 2020 година, кога беше создаден заеднички долг во вредност од 750 милијарди евра.
foto ptintskrin youtube
