Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКРОА И СЕКСУАЛНИ ПРЕСТАПНИЦИ ВРБУВААТ УКРАИНКИ ВО ГЕРМАНИЈА: Ги намамувале со пари и сместување, објави министерката Фезер

МАКРОА И СЕКСУАЛНИ ПРЕСТАПНИЦИ ВРБУВААТ УКРАИНКИ ВО ГЕРМАНИЈА: Ги намамувале со пари и сместување, објави министерката Фезер

Сојузната министерка за внатрешни работи на Германија Ненси Фезер (СПД) сака да ги заштити жените кои пристигнуваат во Германија од Украина од напади на трговци со луѓе и сексуални престапници преку големо полициско присуство на границите. 

„Секој што се обидува да ја искористи маката на бегалците треба да знае: Ние реагираме на таквите дела со сета строгост на законот“, изјави Фезер за „Билд ам Зонтаг“. Никој не треба да ги злоупотребува страдањата на бегалците.

„Ваквите напади се длабоко одвратни“, рече министерката за внатрешни работи. Затоа има масовно полициско присуство на железничките станици, „во униформа и во цивилна облека“. Сите се сензибилизирани веднаш да пријават и да интервенираат при секоја опасност. Федералната полиција веќе издаде неколку налози, а меѓу осомничените мажи беа осудени и сексуални престапници.

На железничките станици, но и пред властите за имиграција, младите Украинки се повеќе се малтретирани од макроа и трговци со луѓе и се намамени со пари и бесплатно сместување.

Во Германија досега пристигнале околу 200.000 бегалци од Украина, главно жени и деца. Макроата или трговците со луѓе ги намамуваат претежно помладите жени на станици и пред канцелариите на странците нудејќи им бесплатно сместување и пари.

Таа најави зголемено присуство на униформирани и цивилни полицајци на контролните пунктови каде пристигнуваат бегалците како што се железничките и автобуските станици.

Фото/ EPA

Слично

Поврзани вести