Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЌЕА ГО ОСТАВИЛА АУТИСТИЧНОТО ДЕТЕ ЦЕЛА НОЌ ВО ГАРАЖА КАКО КАЗНА: Детето го нашле смрзнато, судот ја прогласи за виновна

МАЌЕА ГО ОСТАВИЛА АУТИСТИЧНОТО ДЕТЕ  ЦЕЛА НОЌ ВО ГАРАЖА КАКО КАЗНА: Детето го нашле смрзнато, судот ја прогласи за виновна

Анџела Полина, маќеа на 8-годишниот Томас Валва од Лонг Ајленд е прогласена за виновна за убиство аутистичното момче кое премрзна до смрт во јануари 2020 година. Виновна е по сите точки од обвинението за убиство од втор степен и четири точки од обвинението за загрозување на благосостојбата на едно дете.

Томас почина еден ден откако ја помина ноќта во гаражата на семејната куќа на температури кои паднаа под 0. Следниот ден, Мајкл Валва, таткото на момчето и поранешен свршеник на Полина, се јавил на 911 и рекол дека Томас паднал на патот додека чекал автобус. Но, температурата на телото на детето била 24,4 степени кога било донесено во локалната болница.

Мајкл Валва, кој бил полицаец во NYPD од 2005 година, беше прогласен за виновен за убиство од втор степен и четири точки од обвинението за загрозување на деца. Тој е осуден на 25 години затвор. Томас и неговиот постар брат Ентони (10) поминале 16 часа во ладна гаража како казна за мокрење и нужда во куќата, објави NBC News.

Медицинскиот вештак пресудил дека смртта на Томас е убиство бидејќи главната причина за смртта била хипотермија. За време на судењето, обвинителите изјавија дека и Томас и Ентони имале пореметување од аутистичниот спектар и дека нивниот татко и маќеа ги казнувале за нивното однесување испраќајќи ги во гаража.

Мајката на починатото момче, Јустина Зубко-Валва, рече дека постојано го предупредувала семејниот суд во округот Сафолк и барала да им биде одземено старателството над нивните три деца. Не е познато зошто таа не го доби старателството по разводот во 2018 година, но, сега повторно и се вратени двете деца.


Слично

Поврзани вести