Макфол: НАТО никогаш нема да ја нападне Русија
Поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Макфол изјавил дека земјите-членки на НАТО никогаш нема да ја нападнат Русија први.
„Не е потребно да е претерана важноста на распоредувањето на С-400 на границата на Русија. НАТО никогаш нема да ја нападне Русија“, напишал дипломатот на својот профил на Твитер.
Тој исто така истакнал дека Русија не треба да се мачи за распоредување на системите за безбедност на земјите на Алијансата во близина на нејзините граници, додека Москва не планира да ги „нападне земјите од НАТО“.
Во својата објава Макфол му одговорил на Стивен Сестанович, американски политиколог и специјалист за Евроазија.
„Се согласувам, но сепак стои прашањето дали ваквиот развој е стратешката перспектива на Русија. Одговорот предизвикува тревога“, забележува Сестанович.

