Македонската актерка Адеа Шабани пронајдена мртва во јужна Калифорнија
Македонската актерка Адеа Шабани, која исчезна пред повеќе од еден месец e пронајдена мртва.
Телото на 25- годишната Адеа било пронајдена во нов ископан гроб, на околу 80 километри од Сакраменто, во Јужна Калифорнија, и тоа минатиот четврток, но телото се идентификувало денеска.
Викендов и момчето на Адеа, 33-годишниот Крис Споц, бегаше од полицијата и се самоуби.

Истовремено, медиумите пишуваа дека полицијата има сведок кој видел како македонската актерка била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.
Шабани завршила средно училиште во Скопје, Македонија, во 2010 година, а потоа студирала на Американскиот универзитет во Париз во 2014 година, според нејзиниот профил на Фејсбук. Нејзиното семејство понуди награда од 25.000 американски долари за информации што би можеле да помогнат да ја пронајдат.
Слично
