МАКЕДОНИЈА ВО ТОП 10: Ова се најстресните земји за живеење
Македонија се најде во најтесниот круг на листата на земји во кои најстресно се живее. Од земјите во регионот само Македонија се најде во топ 10 листата во кои се живее стресен живот. На листата Македонија е на 9-то место, а лудер во стресен живот е Нигерија.
Рангирањето го правеше американската веб-страница Блумберг која ги оценуваше земјите според седум критериуми.
Во нив влегуваат стапката на убиства, куповната моќ, нееднаквоста во приходите, корупцијата, невработеноста, загадувањето на воздухот и очекуваниот животен век.
Во првите десет земји влегуваат и Јужноафриканската Република, Салвадор, Монголија, Гватемала, Колумбија, Пакистан, Јамајка, па доаѓаат Македонија и Боливија.
Во истражувањето биле опфатени 74 земји, а од државите во регионот, најблиску до нас е Босна и Херцеговина (13), па Бугарија (23), Србија (28), Грција (30) и Хрватска (36).
