Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија помина во холандскиот парламент, вето за Албанија

Македонија помина во холандскиот парламент, вето за Албанија

Парламентот на Холандија даде зелено светло за отворање на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ, јави албанската телевизија Топ канал.Ова е одлична вест за Македонија, бидејќи на овој начин се деблокира еден од проблемите за конзенсус за добивање на позитивна одлука за отворање на преговорите.Холандија и Франција беа двете земји кои одбиваа да дадат зелено светло. Сега, останува уште Франција да омекне до претстојниот Самит на ЕУ, кој ќе се одржи на 25 јуни во Брисел.

Повеќе од половина од пратениците, 76 од 150, вклучувајќи и пратениците од Владата на премиерот Марк Руте, ставија вето поради „сериозна загриженост во врска со борбата против корупцијатa“.

Почетокот на разговорите за членство на Албанија и на Македонија го поддржа социјалдемократите и зелените, кои имаат вкупно 33 пратеници. Тие проценуваат дека двете балкански земји ќе работат на владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот ако имаат јасна перспектива за членство.

Пратеникот на демохристијаните Мартин ван Хелверт рече дека Холандија го гледа растечкото влијание на Русија и Кина во Западен Балкан, но дека не постои причина да се прави компромис за критериумите за членство.

Еуроактив наведува дека и во случајот на Македонија, која постигна историски договор со Грција за името, не е сигурно дека на самитот ќе добие одобрение за почеток на пристапните преговори бидејќи Австрија би можела да ја блокира таа одлука.

Советот на ЕУ за општи работи в понеделник и вторник ќе го разгледува почнувањето на пристапните преговори со Албанија и Македонија, како и отворање нови поглавја во преговорите со Србија. В четврток и петок е состанокот на шефовите на држави и влади на Унијата.


Слично

Поврзани вести