Македонија на 57 место, а каде во светот се живее најдобро?
Финска е рангирана како најпрогресивна земја во светот и таму се живее најубаво, а нашата земја е на непопуларното 57 место.
Неа ја следат Канада, Данска, Австралија, Швајцарија, Шведска, Норвешка, Велика Британија и Исланд. За разлика од неа, САД паднале за три места и сега се на 19 позиција. Истражувањето направено од американска невладина организација опфатило 160 земји во светот за квалитетот на живот.
Од Балканот, Србија е на 47 место, Хрватска 33 место, Црна Гора 55, Македонија 57, Албанија 52 место, БИХ 69 и Словенија е на 20 место.
Во обзир се замени фактори како БДП, здравство, образование, политичка слобода и слично.
Но, БДП- то на една земја не е пресудно, а пример е Костарика, земја која побрзо се развива од својот БДП. Таа е на 28 место иако БДП е 14.2 долари по жител.
На дното се Замбија, Виетнам, Судан, Туркменистан, Малта, Луксембург и Оман.
