Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ќе добие условна покана во тензична атмосфера

Македонија ќе добие условна покана во тензична атмосфера

Американскиот претседател Доналд Трамп стигна во Брисел по што дводневниот самит на НАТО може да започне иако тој се очекува да мине во тензична и атмосфера на недоверба по неговите обвинувања на сметка на сојузниците дека не издвојуваат доволно за одбраната. 

Брисел е првата станица на Трамп во текот на престојот во Европа. Тој ќе ја посети Британија, а во Хелсинки ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп вчера изјави дека од неговите претстојни состаноци во Европа, оној со Путин може да биде најлесниот.

Во Брисел денеска со обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на безбедносната конференција: „НАТО се ангажира: дијалог на Бриселскиот самит“ почнува годишниот собир на шефови на држави или влади на 29 земји членки на Алијансата. 

На овој самит, како што најави и генералниот секретар Столтенберг, сојузниците ќе ја повикаат Македонија да ги започне разговорите за пристап. 

„Откако ќе биде финализиран и имплементиран историскиот договор за прашањето за името, НАТО ќе може да ја покани поранешната југословенска Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО под новото име: Република Северна Македонија“, рече Столтенберг на вчерашната прес конференција во Брисел. 

Според новинските агенции, овој самит е неизвесен со оглед на се почестите предупредувања на американскиот претседател Доналд Трамп членките на НАТО да си ги исполнат финансиските обврски кон Алијансата.

Слично

Поврзани вести