Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарија нај-бренд држава, Македонија ја нема на листата на светските брендови

Швајцарија нај-бренд држава, Македонија ја нема на листата на светските брендови
Македонија ја нема на светската листа “ Држави – брендови “ за 2012 та – 2013 та година . Најновото рангирање на консултантската куќа „FutureBrend“ ја објави годинашната листа на државите што сами по себе се брендови . На прво место е Швајцарија, која има напредок за една позиција во однос на 2012 та година , втора на листата е Канада. Еве кои земји влегуваат во водечката петорка :
  1. Швајцарија +1
  2. Канада -1
  3. Јапонија +1
  4. Шведска +3
  5. Нов Зеланд -2
Во најновото истражување „Country Brand Index“ од поранешните југословенски републики, со 41 вата позиција Хрватска е најдобро рангирана , следува Словенија која е на 63., Босна и Херцеговина на 82., додека Србија е на 108. место. Македонија и Црна Гора ги нема во рангирањето на 118 те анализирани земји . Од Регионот , Грција како „ бренд – држава“ се најде на 39 тото место , зад неа е Бугарија со 79 тото и Албанија на 94-то место . Според анализата на консултантската куќа , еве кои се државите што во иднина ќе бидат брендови :
  1. Обединети Арапски Емирати
  2. Чиле
  3. Малезија
  4. Катар
  5. Естонија
  6. Кина
  7. Исланд
  8. Мексико
  9. Бразил
  10. Турција
Рангирањето на консултантската куќа се реализира врз основа на „глобална перцепција“. Јавното мислење кое вклучува десетици параметри е основа за ова истражување , но се земаат во предвид и серија статистички истражувања . Според животниот стил на прво место е Шведска , следува Финска па Норвешка. Еве кои земји се водечки според слободата на говорот :
  1. Шведска
  2. Норвешка
  3. Данска
  4. Швајцарија
  5. Нов Зеланд 
Слично

Поврзани вести