Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец во Сиднеј „прокоцкал“ 100 милиони долари, но се испоставило дека ја подготвува најголемата трговија со кокаин

Македонец во Сиднеј „прокоцкал“ 100 милиони долари, но се испоставило дека ја подготвува најголемата трговија со кокаин


Човек кој прокоцка 100 милиони австралиски долари (77 милиони УСД) за една недела на слотови во казиното „Стар“ во Сиднеј, бил дел од банда која планирала да увезе кокаин вреден 900 милиони австралиски долари (690 милиони УСД) во Австралија, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс, пренесуваат австралиските медиуми.
Полицијата во Нов Јужен Велс го уапси Менде Рајкоски по операцијата што ја спроведе во складиште во Сиднеј. Менде Рајкоски, 42, од Сиднеј, беше еден од тројцата уапсени во четвртокот во врска со „големиот план“. Тој беше забележан како масовно ги троши парите преку слот-апарати во казиното Star на почетокот на минатата година, што ги натера властите тајно да ги испитаат неговите финансии. 
Ова ги натера да го откријат наводниот план за шверц на три тони кокаин од Јужна Америка, што, пак, доведе до најголемото пресретнување на дрогата во Австралија. 
Рајкоски беше уапсен кога се појавил да превземе кокаин во вредност од милиони долари. Неговите соучесници, Николао Миса (37) и Ѓелош Николај (58), двајцата исто така од Сиднеј, беа уапсени кратко потоа. Миса е директор на компанија наречена Shield Venue Security. Николај беше на условен отпуст откако издржа казна во 2006 година за шверц на наркотици.
И Рајкоски и Миса претходно работеа во областа на товарниот воздушен сообраќај на аеродромот во Сиднеј. Полицијата тврди дека овој пар биле вклучени во дополнителни операции за шверц на наркотици. 
 „Пред апсењето вчера, овој картел беше во фаза на растурање на 900 килограми од заменета дрога на улиците во Сиднеј и тоа ќе го постигнеше брзо“, рекол шефот на полицијата. „Земјоделците во Колумбија добиваат околу две долари на ден. Картелите заработуваат 3,80 американски долари за еден грам и, кога ќе помине низ рацете на меѓународен картел и ќе се појави на улиците на Сиднеј, вреди 400 долари за еден грам “. 
Финансискиот криминал во австралиските казина неодамна се најде во сериозен фокус. Конкурентот на Star, Crown Resorts, ја загуби лиценцата од Сиднеј откако беше оценето дека го олеснило перењето пари за криминални банди. 


Слично

Поврзани вести