Македонец просечно „тежи“ од пет до 25.000 долари
Проценетата вредност на глобалното богатство според банкарскиот конгломерат "Кредит свис" го достигна својот рекорд од неверојатни 241 илјади милијарди долари, што е пораст од 68 отсто во последните десет години.
Еден просечен жител на Земјината топка „тежи“ 51.600 долари, а гледано по држави, најбогати се Швајцарците со 513.000 долари, потоа следат Австралијците со 403.000 и Норвежаните со 380.000 долари.
На картата на глобално богатство, Македонија е обоена во зелена боја што значи дека еден Македонец просечно „тежи“ од пет до 25.000 долари.
На истата карта, сината означува богатство помало од 5.000 долари, портокаловата од 25.000 до 100.000 американски долари, додека во црвената зона се тие со богатство од над 100.000 долари.

Слично