Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЈСТОР ЗА ЛАЖНИ ПАСОШИ: Уапсен „доктор“ – фалсификатор кој на мигрантите им прави документи за Европа!

МАЈСТОР ЗА ЛАЖНИ ПАСОШИ: Уапсен „доктор“ – фалсификатор кој на мигрантите им прави документи за Европа!

Вештиот фалсификатор познат како „Доктор“ кој го снабдевал Блискиот исток со лажни документи, е уапсен, соопшти тајландската полицијата.

Се наведува дека е раскринкан меѓународниот тим кој се занимавал со фалсификување на документи, а дека е уапсен иранскиот мозок на операцијата кој е баран во неколку земји вклучувајќи ја Британија , Франција, Австралија...

Рацијата во една куќа источно од Банког била резултат на петгодишната истрага. Хамид Реза Џафари нарекуван Доктор (48) се сомничи дека бил водач на оваа криминална група.

Пронајдени се 173 пасоши кои веќе биле направени за клиенти како и опрема за фалсификување како штампарска машина, водени жигови, штампачи, лажни тајландски визи и слично.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/AFP/status/697389327408459776?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Многу добро направени патни документи се нарачани на Блискиот исток каде илјади луѓе се обидувале од воените зони да избегаат во сигурна земја.

Во Тајланд цвета пазарот на лажни пасоши, а главните купувачи се криминални и терористички групи. Од нападите во Париз во ноември 2015, владее голем страв терористите да користат лажни документи за да дојдат до Европа, и таму да покренуваат напади. Полицијата наведува дека „Доктор“ се согласувал да прави лажни пасоши по цена од 1000 до 1600 фунти (2000 евра) по документ. Поедини фотографии кои се пронајдени во неговата куќа оригинално одговараат на оние од ирските и аргентински пасоши.

Во неговата мрежа се вклучени и пет пакистански посредници кои се уапсени во други рации во околината на Банког.

Клиентите лажните патни исправи ги нарачувале воглавно по пат на и-меил каде ги испраќале своите фотографии со посакуваното државјанство, воглавно европско. После уплатата на сметка на тајландската банда, како што се наведува, готови документи, за кои се тврди дека се најдобри на пазарите, фалсификаторите би ги праќале по пат на курирски служби.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/STForeignDesk/status/697324358461591553?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Уште не е утврдено дали неговите пасоши ги користеле и бегалците кои моментално бегаат низ Европа.

Џафери рекол дека на Тајланд живее веќе 25 години каде и сам влегол со помош на лажен пасош, и тоа бразилски во неговиот случај. Од полицијата соопштиле дека со години знаеле за овој фалсификатор, но дека не можеле да го фатат бидејќи контактирал само со мал број на луѓе.

Исто така, се наведува дека поедини пронајдени пасоши се целосно фалсификати, додека други се украдени од туристи и променувани.

На Тајланд годишно се пријавуваат кражби и исчезнување на илјадници пасоши, а во таа земја многу лесно може да се набават фалсификувани документи.

Меѓутоа и во таа работа има граница, велат истражувачите. Ни наведениот Доктор не можел да ги кривотвори модерните документи со микрочипови.

Слично

Поврзани вести