Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЈСКА ПРОСЛАВА: Познати детали од крунисувањето на кралот Чарлс

МАЈСКА ПРОСЛАВА: Познати детали од крунисувањето на кралот Чарлс

Бакингемската палата објави детали за крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кое се очекува да биде помалку екстравагантно од церемонијата на крунисување на неговата мајка, кралицата Елизабета пред 70 години.

Новиот крал ќе биде крунисан во сабота, на 6 мај, кога ќе се одржи „Крунисување голем ручек“, следниот ден ќе се одржи „Концертот за крунисување“, а празник ќе биде и понеделник по концертот, кога јавноста ќе бидат поканети да се приклучат во „голема помош“, односно во добротворна работа во локалните заедници, пренесува CNN.

Палатата соопшти дека самото крунисување ќе биде „свечена верска служба, како и повод за прослава“ и дека церемонијата ќе ја води надбискупот од Кентербери, Џастин Велби. Според CNN, експертите веруваат дека крунисувањето на Чарлс ќе биде поскромно од она на неговата мајка кралицата Елизабета пред 70 години, а се претпоставува дека нема да има елементи на церемонијата од феудално време.

Чарлс и неговата сопруга Камила ќе пристигнат во Вестминстер во таканаречената „Кралска поворка“ од Бакингемската палата, а ќе се вратат придружувани од другите членови на кралското семејство.

Засега, палатата не прецизираше кои членови на кралското семејство ќе се појават во поворката и на балконот, откако принцот Ендру се повлече од јавноста поради обвинувањата за сексуална злоупотреба, а принцот Хари објави мемоари со контроверзни детали, според американската ТВ мрежа.

Британската историчарка Кејт Вилијамс изјави дека ќе му помогне на Чарлс во однос на неговиот имиџ доколку принцот Хари и неговата сопруга Меган беа на церемонијата на крунисување. „Ќе изгледа многу лошо ако Хари не е таму, бидејќи тој сè уште е многу високо во линијата за наследување на тронот“, рече Вилијамс.


Слично

Поврзани вести