Мајорка се умори од туристи
Островот со еден милион жители очекува да прими оваа година над 10 милиони гости.
Тоа за Мајорка ќе биде нов рекорд.
Приливот од туристи не престанува да расте, бидејќи туристите се привлечени од климата и безбедноста. Овој тренд сепак почнува да предизвикува крцкање со заби, пишува Франс прес.
Графити се појавија по улиците на главниот град Палма: „Добредојде за туристите, добредојде на бегалците", „Туризмот го убива градот". Општината брзо ги избриша овие пораки. Околу 80% од економијата на островот зависи токму од овој сектор
Долго време Мајорка имаше големи групи од Германци и Англичани.
Странците се 40% од купувачите на станови, според агенцијата за луксузни имоти Engel & Volkers, во средновековниот центар на Палма. Скандинавците и од неодамна и Французите се меѓу купувачите.
Цените се премногу високи за мнозинството граѓани кои живеат на островот.
