Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајмуни влегле во домот на Индијка, бегајќи од нив паднала и починала

Мајмуни влегле во домот на Индијка, бегајќи од нив паднала и починала

Мајмуни упаднале во дом на пензионерка во Индија, по што бегајќи од нив таа паднала и починала. 

70-годишната жена починала во својот дом, пишува британскиот таблоид „Дејли Мирор“.

Чатарабоина Нарсавва живеела со својата ќерка во селото Рамареди, но во моментот на нападот била сама дома. Во куќата ја пресретнале мајмуни, а таа се обидела да побегне но се лизнала и паднала. Ја удрила главата и останала да лежи. Така ја нашла нејзината ќерка кога се вратила дома.

Локалните власти тврдат дека мајмуните не ја нападнале, туку дека жената починала откако паднала. Од полицијата исто велат дека мајмуните воопшто не ја нападнале. Мештаните велат дека повеќе од 100 мајмуни постојано ги напаѓаат нивните домови и посевите. 

 Фото Xinhua / Eyevine / Profimedia

Слично

Поврзани вести