Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајкрософт ќе го купува Winamp?

Мајкрософт ќе го купува Winamp?
AOL е во преговори со Microsoft зa да продаде дел од своите производи, вклучувајќи го и Winamp. Како што пренесе порталот Techcrunch, покрај овој плеер, чие гаснење беше најавено за 20 декември, во споменатиот пакет производи би влегла и услугата Shoutcast. Станува збор за производ кој AOL го доби во 1999 година од компанијата Nullsoft по цена од 80 милиони долари. Интересно е тоа што, како и во случајот на Winamp, AOL  најави гаснење и на Shoutcast. Претставниците на AOL одбија да ја коментираат оваа вест. TechCrunch пишува дека договорот се уште не е потпишан, но веќе сите работат на своите детали, особено на цената  која Microsoft ќе треба да плати за двата производи.  
Слично

Поврзани вести